ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО: Во сообраќајната несреќа кај Штип загинаа ќерка, мајка и баба

Штипското обвинителство и истражните екипи на МВР, извршиле вештачење на местото на сообраќајната несреќа на автопатот Штип-Миладиновци, во која животот го загубија три лица, а четворица други беа повредени. Според Обвинителството, несреќата се случила кога автомобил „Шевролет“ со скопски регистарски табли, со пет патници од исто семејство кои се враќале во Скопје по забава во Кочани, се судриле со автомобил „Тојота“ со кочански регистарски таблици каде имало две лица.

Advertisements

„Во моментот на претекнувањето возачот на Шевролет изгубил контрола над возилото и најпрво удрил во левата ограда, а потоа удрил во автомобилот што го претекнувал. Како резултат на судирот, двата автомобили се превртеле во канал во близина на патот, кога три лица од скопскиот автомобил – сопругата, ќерката и мајката на сопругата на возачот – го загубиле животот. Останатите четворица учесници во несреќата се здобиле со повреди. Посериозни повреди му се констатирани на сопатникот во автомобилот од Кочани”, велат од Обвинителството.

Од првичните тестови на возачот на Шевролет, потврдено е присуство на алкохол, но за да се утврди точниот порцент земени се примероци од крв за анализа, по што јавниот обвинител ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката. Од Министерството за внатрешни работи велат дека со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, ќе продолжат со разни акции и кампањи, особено во текот на летото кога се зголемува протокот на автомобили на патиштата.

„Министерството за внатрешни работи ги повикува сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и одредбите, возачите да не возат уморни, да не возат под дејство на алкохол и да не ја надминуваат препорачаната брзина. Кога одите на подолги патувања, проверете ја техничката состојба на возилата, планирајте го времето на патување, правете почести паузи надвор од возилата и консумирајте повеќе безалкохолни пијалаци. Возете одморени и возете безбедно“, рече Гоце Андреевски, МВР.

Во моментов, Министерството за внатрешни работи има активни кампањи „Носете кациги“ и „Стави појас“. Според МВР, во текот на летната сезона ќе има повеќе мерки за безбедност во сообраќајот. Во меѓувреме, полицијата регистрирала вкупно 173 прекршувања на сообраќајните правила само во главниот град: 9 за брзо возење, 23 за возење без возачка дозвола, 9 казни им биле изречени на мотоциклисти, 3 казни за возење во пијана состојба. Според извештајот на МВР, изречени се 10 казни за технички нерегуларни и нерегистрирани автомобили, 4 за поминување на црвено на семафори, 12 за користење на телефонот при возење и 7 други за неносење појас.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button