КОШАРКАСПОРТ

Оклахома победи на домашен терен и поведе во серијата со Минесота!

Оклахома Сити Тандерс својот статус како најдобар тим од регуларната сезона го потврдува и во плејофот на НБА. По елиминирањето на Мемфис и Денвер, Тандерси ја победија Минесота со 114-88 во првиот натпревар од финалето на Западната конференција и поведоа со 1-0 во серијата.

Advertisements

Шај Гилџес-Александар и неговиот тим до триумфот над „волците“ стигнаа во второто полувреме и јасно ставија до знаење дека се сериозни во намерата на освојувањето на шампионскиот прстен. Првото полувреме од натпреварот беше обележано со фантастични одбрани на двете страни. Минесота се снајде малку подобро и на полувреме отиде со плус четири – 48-44.

Сепак, сè се сврте во третата четвртина. Одбраната на Оклахома се стегна уште повеќе, но во ритам влезе и нападот и Тандерси имаа плус десет. Тие не застанаа тука, дополнително го зголемија притисокот и на крајот остварија убедлива победа. Колку беа доминантни во второто полувреме покажува фактот дека победија со дури 30 поени разлика – 70-40.

Шаи Гилџес Александар немаше шутерска вечер, погодувајќи 10 од 27 обиди, но беше најефикасниот играч на натпреварот со 31 поен. Џејлен Вилијамс броеше до 19, а Холмгрен постигна 15. Најдобар играч во редовите на Минесота беше Џулиус Рендл со 28 поени и осум скока. Ентони Едвардс, првата ѕвезда на тимот со 18 поени и девет скока, беше доста тивок.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button