ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Околу 100 автобуси кои превезувале патници имале дефекти

Mefail Ismaili

Advertisements

Автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, иако имало технички неправилности, превезувале патници низ градот. По полициската акција во текот на неделата, како што информираат од ЈСП-Скопје, констатирани се неправилности во пет од 15-те автобуси испратени на преглед.

ЈСП

„На технички преглед ни се испратени вкупно 15 автобуси. Пет од нив го напуштиле сообраќајот бидејќи имале технички проблеми. Но, три од овие автобуси беа веднаш поправени и пуштени во оптек. Додека другите два се уште се поправаат.

Од МВР соопштуваат дека во текот на оваа недела на технички преглед испратиле 252 автобуси, од кои кај 96 се констатирани технички неправилности. Од МВР велат дека за констатираните неправилности изречени се парични казни за возачи на автобуси, а кривични пријави се поднесени против правни и службени лица.

За разлика од рпед неколку дена, денеска ситуацијата со долгото чекање на некои  автобукси линии беше надмината.

„По долги чекања и хаос на станиците каде се вкрстуваат автобуските линии 9 и 19, денеска немаше голем број граѓани кои чекаа автобуси. Ова од причина што заврши акцијата на МВР за испраќање на автобусите на техничка контрола“.

Сепак, приватните превозници се соочуваат со други проблеми кои повторно можат да предизвикаат хаос во јавниот превоз. Тоа од причина што Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие им должат околу 40 милиони денари. Ако долгот продолжи да расте, тогаш тие можат да го прекинат превозот.

Од претпријатието за јавен превоз потврдуваат дека точниот долг кон приватните превозници е околу 650 илјади евра, а велат дека настанал како резултат на финансиски тешкотии по воведувањето на Ковид19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button