ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Околу 15 специјалисти од странство пристигнати во земјава да помогнат околу третманот на повредените во Кочани

Околу 15 специјалисти од Белград и од Чешка се пристигнати во државава да помогнат за лекување на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотека во Кочани во кој, според последните официјални информации загинаа 59 лица, а 155 повредени. Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел.

Advertisements

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека тие ќе бидат распоредени по клиниките каде има потреба.

Таравари појасни дека дел од пациентите се транспортирани надвор од државата не затоа што немаме центар за изгореници, туку затоа што се работи за голем број на пациенти.

– И да одите во поголеми држави нема центри за изгореници. Гледате дека сите држави прифаќаат од двајца до петторица пациенти, не повеќе. Кај нас се случи шок, изгореници на повеќе од 100 лица што треба да се третираат и нормално е дека немаме капацитети добро да ги третираме. Овие пациенти поради комликациите што се јавуваат од изгорениците, а сите се од втор или трет степен, веќе постои опасност од инфекции и целта ни беше да се третираат што подобро, а ние да сме подготвени евентуално за пациенти кои биле латентни, изјави Таравари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button