ВЕСТИСВЕТ

Околу 2 милиони домаќинства останаа без струја по земјотресот во Јапонија

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на северна Јапонија и областа околу Фукушима, предизвикувајќи тревога за цунами, а повеќе од два милиони домаќинства во пошироката област на Токио останаа во мрак.

Advertisements

Истата област во северна Јапонија беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 9 степени по Рихтер пред 11 години, што предизвика дефект на нуклеарната централа Фокушима. Компанијата Tokyo Electric Power Holdings, која управува со оваа нуклеарна централа, во која откажаа системите за ладење по катастрофата во 2011 година, објави дека работниците го проверуваат степенот на оштетување на системот во нуклеарната централа.

Во меѓувреме, Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) потврди дека земјотресот се случил во 23:36 часот по локално време на длабочина од 60 километри (36 милји) под морското ниво.  JMA, исто така, издаде предупредување за бранови цунами за еден метар за крајбрежните области на префектурите Мијаги и Фукушима, а националната телевизија NHK објави дека цунамито веќе може да биде во близина на некои од загрозените области.

Засега нема информации за потенцијални жртви или материјална штета.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button