ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Околу 20 автомобили искршени во катната гаража кај „Буњаковец“

Околу 20 автомобили утринава се испокршени и уништени во катна гаража зад трговскиот центар „Буњаковец“ во Скопје, објави „Фокус“ споделувајќи и фотографии од оштетените возила.
Од МВР велат дека во полициска станица оштетувањето било пријавено утрово околу 7:25 часот.
Полицајци излегле на терен и се работи на расчистување на случајот.