МАКЕДОНИЈА

Околу 583 полицајци ангажирани да помагаат во гаснењето на пожарите

Во текот на изминатото деноноќие во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на земјава, од страна на МВР биле ангажирани околу 583 полициски службеници, реализирани 202 мото-патроли и користени 172 возила. Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата, информираа од Министерството за внатрешни работи.

На 7 август од страна на полициски службеници биле лишени од слобода три лица, поради основано сомнение дека го предизвикале пожарот за кој во 05.28 часот било пријавено дека настанал над с.Страхојадица, Скопско, при што била опожарена сува трева и нискостеблеста шума.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button