ВЕСТИКлиматски ПромениМАКЕДОНИЈА

Оладете се додека можете, од среда повторно горештини

Оладете се додека можете, од среда повторно горештини

Граѓаните уживаат во свежината што ни ја донесе дождот и северниот ветер. Но, некои улици во Скопје и другите градови се поплавени. Нема информации за материјална штета, но од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека на некои места наврнало повеќе дожд и од есенскиот просек. Нестабилното време беше најизразено во Куманово со 52 литри на метар квадратен дожд и во Тетовско каде на Попова Шапка наврнаа 47 литри.

Нестабилното време во овој период од летото сепак, не е добредојдено за земјоделците кои сè уште не успеале да ја ожнеат пченицата. Некои со кои зборувавме ни кажаа дека ветерот и дождот им оштетиле некои земјоделски култури и родот се преполовил. На ниво на држава ова се областите во кои имало најмногу врнежи.

„Според Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатите 24 часа наврнале 40 литри дожд во Пожаране, Скопје-Петровец 34, Прилеп 33, Крушево 32, Маврово 26, Виница 24, Охрид 22, , Штип 17, Демир Капија 11, Крива Паланка 10, Битола 8, Струмица и Гевгелија 6, Берово 5 и во Дојран 4 литри на метар квадратен“, сооптштија од УХМР.

Според синоптичарите, од понеделник времето ќе биде сончево со умерена облачност, а високите температури ќе се вратат од среда кога ќе се искачат и над 33°С./Alsat.mk

Аднан Ќаили

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button