ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Олеснета е процедурата за поставување на фотоволтаици

Олеснета е процедурата за поставување на фотоволтаици

Граѓаните кои ќе наместат фотоволтаици на своите кровови од куќите и станбените згради, драстично може да ги намалат трошоците за електрична енергија, вели за Алсат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Според неговите пресметки, домаќинствата кои не се грејат на струја, а инсталираат фотоволтаици со моќност од шест киловатчасови ќе ги задоволат потребите за електрична енергија. Според пазарните цени, инвестицијата на едно домаќинство би се движела од четири до пет илјади евра.

Advertisements

„Домаќинствата да се мотивараат да поставуваат фотоволтаици на своите кровови, и на тој начин да ја намалиме увозната зависност од електрична енергија. Иако, навидум шест киловати се многу малку, но да речеме дека 10 илјади домаќинства да постават по шест киловати тоа се 60 мегавати, тоа е како една поголема хидроцентрала во Македонија. Тоа пред се ќе помогне на домаќинствата и на целокупниот електроенергетски систем во државата“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

Од ЕВН велат дека новите правила нема да се одразат негативно врз нивната работа. Според енергетската компанија укинувањето на мрежарината, односно трошокот за користење на дистрибутивна мрежа кај потрошувачи-производители оди целосно во прилог на имплементацијата на измените во Правилникот за обновливи извори.

„Со овие измени се овозможи компензација и за домаќинствата за вишокот на произведена електрична енергија која не се користи од потрошувачот-производител и се испорачува во електродистрибутивната мрежа“, велат од ЕВН.

Во моментов во Македонија од 450 до 500 домаќинства имаат поставено фотоволатици на своите кровови. Но оваа бројка беше пред измените на правилата кои велеа дека за инсталирање на фотоволтаици потребно е да се излезе на слободниот пазар на електрична енергија.

Сега кога регулаторот ја укина и давачката за мрежарина на корисниците на фотоволтаици струјата која се пушта во мрежа може домаќинството да биде корисник на услугите на ЕВН./Alsat.mk

Иле Петревски

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button