ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Олеснувачот на преговорите во УЈП за плати, се повлече

Ќе се бара нов помирувач помеѓу синдикатот на Управата за јавни приходи и раководството. Назначениот помирувач Лазар Јовевски денеска побарал иземање. Тој за Алсат вели дека во рок од три дена требало да закаже средба, но бидејќи не е во државава, не може да го испочитува рокот и затоа од Министерството за труд побарал негово иземање. Сега треба да се назначи нов помирувач, кој ќе има рок од три дена да закаже средба со синдикатот и директорката. Вицепремиерот Фатмир Битиќи се надева дека ќе се најде решение и вработените нема да стапат во генерален штрајк.

Advertisements

„Ја сум оптимист дека решение ќе се најде и дека мерката на генерален штрајк не би требало да се случи зошто сметам дека тоа што вработените во Управата за јавни приходи, како и сите други вработени во јавниот сектор го заслужуваат е достоинсвеност на работните места каде што работат и платите кои што ги добиваат“, рече Битиќи.

Од Синдикатот засега не отстапуваат од одлуката за генерален штрајк доколку нема зголемување на платите за 30 проценти. Вработените засега одржуваат двочасовен протест на работните месета секој ден од 10 до 12 часот. Револтот доаѓа отакако министерот за финансии реши да ги зголеми платите на вработените само во тоа министерство за 30 проценти согласно измените во законот за буџети, но не и на вработените во другите институции кои се под негова капа.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button