СПОРТ

Омерагиќ: Нови термини во домашниот фудбал

Омерагиќ: Нови термини во домашниот фудбал

Само еден ден откако ја презеде функцијата претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ, во друштво на Горан Пандев и генералниот секретар Дрилон Ганиу, оствари неформална средба со спортските новинари во земјата. Омерагиќ ветува воведување на ВАР системот наредната сезона, а натпреварите ќе се одиграат во различни термини – во петок, сабота и недела, но и навечер, под рефлектори. Со цел да се избегнат нерегуларностите во домашниот фудбал, каде што постојано се обвинуваат судиите, Омерагиќ вети дека ним ќе им ги зголемат финансиски приходи од 80 на 100 проценти. Меѓу новостите е и изборот на Ѓорѓи Христов за нов технички директор за младинските селекции.

Advertisements

Ракометната федерација на Македонија, на 1 март 2025 година, ќе го избира наследникот на Живко Мукаетов кој по три мандати на чело на ракометната федерација најави оставка. Трката за наследник на Мукаетов се очекува да се интензивира во наредниот период. Александар Стефанов, кој е прв човек на РК Бутел и дел од УО на РФМ, на состанокот на Управниот Одбор ја потврди својата кандидатура за оваа одговорна функција.
Со натпреварите од 11-та недела во Првата лига на домашната кошарка, првиот дел од сезоната е затворен и утврдени се четвртфиналните двојки. Актуелниот лидер, тимот на ТФТ ќе се игра со Гостивар, додека МЗТ Скопје го предизвикува Работнички. Екипата Чаир 2030 застана на 7 позиција и во четвртфиналето на Купот ќе игра со Пелистер, а последниот пар го сочинуваат Куманово и Кожув./Алсат.мк
Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button