Климатски ПромениСВЕТ

ОН: Гладот погаѓа 13 жаришта низ светот

Екстремниот глад сè повеќе ги погодува 13 жаришта низ целиот свет, а без итна хуманитарна помош, екстремен глад наскоро би можел да биде прогласен во Појасот Газа, Судан, Јужен Судан, Хаити и Мали, предупредува најновиот заеднички извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации и Светската програма за храна.

Advertisements

Во извештајот, насловен како „Жаришта на глад“, објавен денес, се вели дека конфликтот, економските шокови и климатските промени се главните двигатели на влошувањето на ситуацијата во најтешко погодените региони, при што се очекува многу од нив да влезат во криза во следните пет месеци, објавува Ројтерс.

„Овој извештај е црвен аларм. Знаеме каде расте гладот ​​и знаеме кој е во опасност. Без финансирање, не можеме да спасиме животи“, рече извршната директорка на WFP, Синди Мекејн.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button