СВЕТ

ОН: Хуманитарната ситуација во Либан е полоша отколку за време на војната со Израел во 2006 година

ОН: Хуманитарната ситуација во Либан е полоша отколку за време на војната со Израел во 2006 година

Обединетите нации соопштија дека хуманитарната ситуација во Либан сега е полоша отколку за време на последната војна со Израел пред 18 години.

Advertisements

Според податоците на либанското Министерство за здравство, од почетокот на борбите меѓу Израел и шиитската група Хезболах во Либан се убиени речиси 3.000 луѓе, а 13.000 се ранети. Меѓу убиените има околу 180 малолетници и речиси 600 жени.

Хуманитарната канцеларија на ОН соопшти дека повеќе од 11.000 бремени жени биле погодени од војната, а 1.300 од нив се породиле во време кога здравствениот систем на Либан е на работ на колапс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button