ОН: Израел „можеби ги прекршил законите за војна“

Израелските сили можеби повеќе пати ги прекршиле основните принципи на законите за војна и не успеале да направат разлика меѓу цивилите и борците во нивната воена кампања во Појасот Газа, соопшти денеска (19 јуни) Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОН).
Во извештајот во кој се прави проценка на шест израелски напади во кои имаше голем број жртви и беше уништена цивилна инфраструктура, од Канцеларијата на ОН наведуваат дека израелските сили „можеби систематски ги прекршиле принципите за разликување, пропорционалноста и мерките на претпазливост во нападот“.
„Се чини дека барањето да се изберат средства и методи на војување со кои се избегнува или барем се минимизира цивилната штета, постојано се прекршува во кампањата на бомбардирање од Израел“, рече високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк.