СВЕТ
ОН: Јуни годинава – месец со најголем број цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

Јуни оваа година беше месецот со најголем број цивилни жртви во Украина од почетокот на војната – 232 цивили беа убиени, а 1.343 беа повредени, објави Мисијата на Обединетите нации за следење на човековите права во Украина.
Во соопштението се наведува дека руските напади со ракети со долг дострел и касетна муниција во урбаните средини предизвикаа најголем дел од цивилните жртви во јуни во Украина – 53 проценти, објави Укринформ.
Се забележува дека руските сили испукале 10 пати повеќе ракети и касетна муниција во Украина во јуни оваа година отколку во јуни минатата година.