
Хуманитарната ситуација во Појасот Газа е повеќе од катастрофална, предупредија вчера Обединетите нации.
Повеќе од милион луѓе во јужниот и централниот дел на Газа не добија ниту еден оброк во август преку хуманитарна помош, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.
„И покрај предизвиците со кои се соочуваме, ОН и другите хуманитарни организации продолжуваат да прават се што е можно за да им ја обезбедат на Палестинците потребната помош за да преживеат“, рече тој.
Помеѓу 19 август и крајот на месецот, 450 000 готвени оброци подготвени во 130 кујни секојдневно се доставувале до семејствата низ Појасот Газа.
„Вреди да се повтори дека хуманитарната ситуација во Газа и понатаму е повеќе од катастрофална и дека сè уште ги немаме сите услови неопходни за поддршка на луѓето, ниту блиску до степенот до кој тоа навистина им е потребно“, рече Дужарик.