СВЕТ
ОН: Судан погоден од најголемата хуманитарна криза во светот по две години војна

Обединетите нации и невладините организации рекоа дека Судан се наоѓа во средината на најголемата хуманитарна криза во светот, бидејќи граѓанската војна во земјата влегува во третата година.
Конфликтот меѓу суданската армија и паравоената група Сили за брза поддршка (RSF) доведе до масовно раселување, глад и напади на бегалски кампови, пишува The Guardian.
Денеска во Лондон се одржа меѓународен состанок на министри од 20 земји, чија цел беше заживување на мировните преговори, кои често беа потиснати од други светски кризи, вклучително и војните во Украина и Газа.