ОН усвоија „Пакт за иднината“, целта е да се решат големите предизвици на 21 век

Земјите-членки на ОН го усвоија Пактот за иднината, во кој се обврзуваат да исцртаат „подобра иднина“ за човештвото заглавено во војни, мизерија и климатско затоплување, и покрај противењето на неколку земји, вклучително и Русија.
Во 2021 година, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ја лансираше идејата за тој Самит за иднината претставен како единствена можност да се промени текот на човечката историја.
„Ја отворивме вратата, сега останува на сите нас да поминеме низ тоа, бидејќи не е само да се договориме, туку и да дејствуваме. И денес ве предизвикувам да преземете акција“, изјави вчера Гутереш по усвојувањето на пактот.
Целта на „Пактот за иднината“ е да ги реши големите предизвици на 21 век, од конфликти до климатски промени и човекови права, а беше усвоен и покрај приговорите на група земји на чело со Русија. Усвојувањето на текстот беше накратко одложено кога рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Вершинин предложи амандман со кој се нагласува принципот на немешање во внатрешните работи на државите и се повикува ОН да избегнува дуплирање на напорите.
Приговорите на Русија беа поддржани од Белорусија, Северна Кореја, Иран, Никарагва и Сирија, но амандманот беше отфрлен со големо мнозинство.