СВЕТ
ОН: Жените и децата се најголемиот дел од жртвите на израелските напади врз Појасот Газа

Обединетите нации денеска соопштија дека жените и децата сочинуваат голем дел од жртвите на израелските напади врз Појасот Газа, осудувајќи ги нападите на ИД врз раселените луѓе во бегалските кампови.
„Помеѓу 18 март и 9 април 2025 година, имаше приближно 224 инциденти на израелски напади врз станбени згради и шатори за внатрешно раселените лица“, соопшти Канцеларијата за човекови права на ОН.
Во соопштението се наведува дека Канцеларијата ги потврдила информациите дека имало околу 36 напади во кои биле убиени само жени и деца, пишува Тајмс оф Израел.