ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

One Stop – Македонија и Косово со заедничка гранична контрола

One Stop – Македонија и Косово со заедничка гранична контрола

По многу ветувања и најави, се воведе еношалтерски систем на границата Блаце – Елез Хан .Граѓаните отсега ќе бидат проверувани само еднаш, односно од државата домаќин. Податоците ќе бидат разменети помеѓу заедничкиот систем на двете земји. Премиерот Христијан Мицкоски во своето излагање истакна дека заедничката граница претставува мост за граѓаните, културата и бизнисот на двете земји.

Advertisements

Премиерот на Република Косово, Албин Курти истакна дека граѓаните од двете страни на границата со години го чекаат ова олеснување.

За вицепремиерот Изет Меџити, овој проект претставува конкретен чин за иднина без граници и чекор кон Балкан кој избира соработка наместо поделба.

Двајцата министри за внатрешни работи, Панче Тошковски и Џелал Свечла, истакнаа дека двете земји ќе ги зајакнат контролите на граничните премини и енергично ќе се борат против нелегалните и криминалните активности. Она што беше забележано на денешниот настан е дека пред полициските контролни кабини немаше истакнато косовско знаме, а јарболот беше празен. Како што дознава Алсат, претставниците на Косово сакале да го постават своето знаме но биле спречени од претставниците на македонското МВР, велејќи дека за истото ќе се одлучува друг ден, односно по завршувањето на денешниот јавен настан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button