ВЕСТИЗДРАВСТВО

Онкологија – раковoднaтa структура се смени, проблемите без рок за решавање

Се смени Владата, министерот за здравство, директорот на Фондот за здравство, па дури и директорот на Клиниката за онкологија се сменети, но проблемот со терапиите за болните од рак сѐ уште не е решен. Пациентите кои се лекуваат на Клиниката за онкологија не видоа „аир“, од ниту еден од нив, во борбата против болеста на векот. Пред вратите на клиниката каде пациентите чекаат да добијат лекови за спас, сите тројца изјавија за дека има проблеми, но ниту еден не даде рок кога ќе се најде долгорочно решение за илјадници пациенти.

Advertisements

Да потсетиме дека пред две години,  Алсат телевизија откри скандал со манипулација со скапи биолошки терапии, а сомневањата беа дека поранешните челници и дел од медицинскиот персонал ги злоупотребуваат лековите и ги продаваат приватно,.Една година подоцна, Јавното обвинителство покрена и предистражна постапка за овие сомневања и двајцата поранешни директори беа  разрешени и суспендирани од нивните работни места и се под истрага.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button