Онлајн настава – Лекарите загрижени од прекумерна употреба на електронските уреди

Недостаток на концентрација, проблеми со очите, но и со ‘рбетот. Овие се најчестите последици од долгото седење пред компјутер на учениците кои посетуваат часови онлајн. Лекарите ги повикуваат родителите да ја зголемат контролата над своите деца за времето што го поминуваат пред екранот по часови.
“Негативните ефекти на современата технологија се повеќе- димензионални, првично влијаат несомнено на очите, концентрацијата, влијаат на раните периоди во психомоторниот развој на децата и нормално, проблемите доаѓаат во подоцнежните фази на развојот на детето. Како и обично, детето треба правилно да седи, да не лежи на масата, да не му виси ‘рбетот, така што, позицијата на детето треба да биде како што треба”, вели Сани Бајрами- педијатар.
Психолозите од друга, предупредуваат на психолошки проблеми кај децата од прекумерна употреба на технологијата.
„Ова има негативен ефект врз развојот на учењето на децата, со негативни последици за концентрацијата, физичките оштетувања и така натаму. Влијае да има мала концентрација, потоа психички замор кај учениците откако ќе го завршат сето тоа. Како препорака по часовите е добро да прочитаат лесна литература, да имаат прошетки по природа, да правата нешто забавно за нив и повеќе да не се враќаат пред компјутерот“, изјави Арлинда Ризвани- психолог.
Поради пандемијата, повеќето ученици од основните и средните училишта посетуваат настава онлајн.
Башким Сулејмани