

Алсат
08.09.2020 11:39
ООН побара итна и независна истрага на Русија во случајот на труење на критичарот на Кремlin, Алексеј Навални, пренесе агенцијата АФП.
Да потсетиме, рускиот опозициски лидер беше хоспитализиран откако беше испратен со авион во сибирскиот град Омск. Тој беше примен во тамошната болница во многу сериозна состојба. Бил ставен во кома, а членовите на неговата организација веднаш побарале да го преселат во Германија.
Соработниците на Навални од самиот почеток тврдат дека тој бил отруен, а откако бил пренесен во Германија, нивните лекари соопштиле дека во крвта на Навални е пронајдена трага од нервниот отров „новичок“, со кој беа затрени и поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка во Солсбери, Велика. Британија.
Официјална Москва негира каква било можност дека Навални е затруен од наведениот отров, а особено ги отфрла сите инсинуации дека режимот стои зад обидот за убиство на Навални.