
Светот треба сериозно да се подготвува за град. Алармантни податоци објави Организацијата на Обединетите нации во кои се наведува дека 345 милиони луѓе во светот се соочуваат со недостаток на храна. Во шпицот на пандемијата тој број на луѓе изнесувал 135 милиони. Најголемите предизвици во моментов се поврзани со производството на житни култури. Од ОН велат дека има големо зголемување на цените на храната и покрај постоењето на големи светски залихи на жито. На глобално ниво цената на храната се зголемени за над 30 отсто.
„Мора да се срушат монополите што го држат синџирот на исхрана. Неколку компании ги контролираат глобалните пазари за семиња и ѓубрива, генетиката на животните, глобалната трговија со жито и малопродажбата на храна. Тие остваруваат огромни профити на сметка на земјоделците, потрошувачите и животната средина„, велат од ООН.
Во земјава пак, македонската влада со серија на мерки се обидува да ја намали инфлацијата која според нив е увезена. Владата понуди на земјоделците државно земјиште се со цел зголемено производсво на храна.
„Определивме финансиски средства за субвенционирање на вештачките ѓубрива, цената на вештачките ѓубрива е исто така енормно зголемена на европските пазари, затоа што основна суровина за производство на вештачки ѓубрива е амониум, а амониумот се добива со помош на гас, и тоа зголемување на цената на гасот прави практично зголемување во ланецот на производство на крајот на денот кај прехранбените производи“, велат од Влада.
Минималната потрошувачка кошничка надмина 40 илјади денари за едно четири члено семејство. Само за основните прехранбени производи е потребна една минимална плата или 18 илјади денари.
Веќе подолг период граѓаните при пазарувањето се соочуваат со повисоки сметки во маркетите, а преполовени кошнички. Дека животот станува се поскап, покажуваат и официјалните податоци на државната статистика каде може да се види дека за еден месец лебот и житата, сирењето, урдата се поскапи за пет отсто, млекото за речиси четри отсто. Повисоки цени на месечно ниво има и кај месото, шеќерот, чемот, чоколадите, потоа кај кафето, чајот, но и кај овошјето и зеленчукот./Alsat.mk
Иле Петревски