ВЕСТИСВЕТ

Опасните „огнени мравки“ се појавија во Европа!

Црвените огнени мравки, еден од најинвазивните видови во светот, за прв пат се пронајдени во Европа. Овие увезени инсекти, научно наречени Solenopsis invicta, потекнуваат од Јужна Америка, но во текот на изминатиот век се проширија во поголемиот дел од Соединетите Американски Држави, Мексико, Карибите, Кина и Австралија.

Advertisements

Овие инсекти можат да бидат агресивни кога се вознемирени и да нанесат болен убод, што ја иритира кожата и може да предизвика алергиски реакции. Мравките можат да ги оштетат и посевите и локалните екосистеми, пишува CNN.

Истражувачите објавија дека идентификувале 88 гнезда на црвени огнени мравки распослани на пет хектари во близина на градот Сиракуза на италијанскиот остров Сицилија.

„Solenopsis invicta е еден од најлошите инвазивни видови. Може да се шири алармантно брзо. Откривањето на овој вид во Италија беше големо изненадување, но знаевме дека ќе дојде овој ден“, рекол главниот автор на студијата Матија Менчети, истражувач во Институт за еволутивна биологија во Шпанија.

Иако црвените огнени мравки се откриени во увезените производи во Шпанија, Финска и Холандија, колонија од овој вид никогаш досега не била пронајдена, нагласуваат авторите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button