ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опасност од скутери и глисери во Охридското езеро

Опасност од скутери и глисери во Охридското езеро

Скутери и глисери дивеат на охридско-струшкото крајбрежје, загрозувајќи ја безбедноста на капачите. Многу често некои со голема брзина возат во делот каде што има капачи блиску до самата плажа. Тоа го регистрираше камерата на Алсат на една од плажите во Струга. Посетителка од Скопје вели дека капејќи се во водата за малку фалело да биде повредена.

Advertisements

„Половина метро ми помина од главата, го видов како доаѓа, мавтав, меѓутоа упорно идеше накај мене. Се повлеков. Ете, толкава разлика имаше. И уште сум под стрес….“, рече една туристка од Скопје.

Во моментот околу неа имало и многу други капачи.

„Околу мене имаше доста луѓе. Има и доста деца. Каде да реагираме? Ова не е во ред….“, додае таа.

„Како што видов, возат деца. И затоа луѓето изрипаа и рекоа: Што е ова, ќе направат незгода. Не смее да се дозволи…“, рече иселеник во Нов Зеланд.

Слични опасности има и на охридската страна од езерото. Туристите бараат поголеми контроли.

„Да, имаше. На градска плажа, Сараиште. Беа подлеку од плажата на 150-200 метри. Треба ли поголема контрола? Да, затоа што доаѓа до големи несреќи, со смртни последици и тоа мора да се направи. Од 9 часот треба да биде забрането до вечер до 20 часот“, изјави турист во Охрид.

„Да, има. Бевме и на Свети Наум. И таму има доста бродови, глисери. Каде најмногу возат? Во поплиткиот и во средниот дел меѓу длабокото и плиткото“, рече турист во Охрид.

Од Капетанија на пристаништа велат дека досега биле изречени 25 санкции. Станувало збор за нерегистрирани пловни објекти, немале соодветни дозволи и со пловилата се возело кога не смее, а тоа е од 11 до 19 часот. Против фатените лица, веќе била поднесена соодветна пријава.

„Изречени се казни. Во овој момент се водат процеси против 25 сторители. Одредени позиции на Охридското езеро се подложни на користење на скутери во време на ограничување од 11 до 19 часот…. Пред неколку дена на плажата Сараиште најстрого беше санкциониран еден управител на скутер кој се спуштил толку блиску до самата плажа, предизвикувајќи опасност и за капачите. Во Струга имаме неколку казни на машка и женска плажа…“, изјави Горан Устијаноски-капетан на пристаништа.

Казните се движат помеѓу 200 и 400 евра во зависност од тежината на прекршокот./Alsat.mk

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button