
Во Струмица моментално се спроведува голема акција против дрога. Три лица се уапсени на улицата „Климент Охрид“, соопшти Дирекцијата за јавна безбедност.
Станува збор за меѓународен канал за трговија со марихуана, на релација Скопјe-Струмица, со крајна дестинација Бугарија или Грција.
Уапсените се двајца жители на Скопјe и едно лице од Струмица. Властите велат дека станува збор за голема количина наркотици, но се очекува количината да биде проценета.
Алсат наскоро ќе ви донесе снимки од оваа операција, а за повеќе информации, следете нè на нашите социјални мрежи.