ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Операцијата за чистење го изнесува на површина обемниот отпад што ја покрил земјата

Операцијата за чистење го изнесува на површина обемниот отпад што ја покрил земјата

„Аквадуктот“ во Скопје беше само една од локациите каде што се одржа акцијата „Генерално чистење за викенд“. Со ракавици на рацете и пластични кеси, политички претставници и вработени во државните и приватните институции собираа ѓубре, овозможувајќи и на природата слободно да дише.

Advertisements

„Животната средина, а особено културните споменици како што е Аквадуктот, заслужуваат почит и грижа. Ваквите акции, во кои сите заедно покажуваме иницијатива, волја и подготвеност за соработка, треба да бидат дел од нашето секојдневие. Отпадот нема место на улиците или во природата. Министерството за животна средина и просторно планирање активно работи на создавање интегриран и одржлив систем за управување со отпад“, рече Изет Меџити, министер за екологија.

Претседателката рече дека каква е состојбата на културата се гледа од дворовите на институциите.

Домашни и странски волонтери рекоа дека нема изговор зошто граѓаните не треба да се приклучат на вакви иницијативи.

„Природата е многу важна и нејзиното зачувување е наша обврска и одговорност. Секој мал чекор и акција од наша страна нè води кон нешто големо, а промената започнува од нас“, рече еден дробоволец./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button