Опомена до министерот Минчев за неупотреба на албанскиот јазик

Инспекторатот за употреба на јазиците упати предупредување до министерот за јавна администрација, Горан Минчев, откако телевизијата Алсат објави дека министерството не го почитува Законот за употреба на јазиците.
Според соопштението објавено од Инспекторатот, инспекторите извршиле вонреден надзор во министерството и утврдиле дека не комуницира со медиумите на два јазика, а соопштенијата на веб-страницата ги објавува само на македонски јазик.
Според Инспекторатот, Министерството постапило спротивно на член 1 став 2 и 3, член 2 став 3 и во однос на член 6 став 4 од Законот за употреба на јазиците.
Со ова, Министерството ги прекршува главните одредби со кои се регулира службената употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Северна Македонија, во државните институции, а тоа е албанскиот јазик.
За прекршување на овие одредби, Законот за употреба на јазиците предвидува дури и глоби до 5.000 евра за институцијата, а за службеното и одговорното лице во висина од 30% од утврдената глоба.
Од Инспекторатот велат дека се известени од Министерството за администрација дека подготвуваат нова веб-страница, во овој случај Инспекторатот предложил новата веб-страница да биде и на албански и на македонски јазик.
Инспекторатот му дал рок на министерот Минчев да ги отстрани констатираните неправилности и недостатоци, но во соопштението на Инспекторатот не е навдено до кога е овој рок.
Алсат во ноември поднесе претставка против Минчев откако Министерството за администрација го тргна албанскиот јазик од употреба, како во соопштението со медиумите, така и од веб-странацата.
Минчев на прес-конференција и креативно го толкуваше Законот за употреба на јазиците. Тој изјави дека албанскиот јазик во соопштенијата ќе се користи по потреба и по барање.
Минчев рече дека го почитувал Законот за употреба на јазиците, бидејќи натписот во неговиот кабинет е и на албански јазик.
Од усвојувањето на законот за употреба на јазиците во 2019 година, и покрај стотиците констатирани прекршоци, не се изречени казни.
Суад Бајрами