ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опожарен автобус на ЈСП, нема повредени

Неколку минути пред пладне денеска во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета, информираат од ЈСП – Скопје.

Advertisements

Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници. Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што од изјавата на возачот и сведоци, констатира дека пожарот избувнал во делот каде што се наоѓа моторот. Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета, велат од ЈСП и додаваат дека возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало и едно противпожарно возило.

Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот, посочија од ЈСП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button