ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опожарена куќа во Куманово, гореле стрниште и слама во Старо Нагоричане

Три интервенции бележат противпожарните единици на Куманово и Старо Нагоричане за изминатава ноќ, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Кумановската противпожарна единица интервенирала на опожарена куќа, додека пожарникарите од Старо Нагоричане гаселе пожари запалено стрниште и сува трева во атар на село Драгоманце и на слама во село Канарево.

– Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше од 23:33 до 00:45 на запалена куќа спроти ресторанот „Корнер“. На пожарот интервенирано било со едно возило и пет пожарникари, соопшти РЦУК.

Противпожарната единица на Старо Нагоричане гасела пожари интервенирала во село Драгоманце на запалено стрниште и сува трева во периодот од 12:00 до 13:00 ч. каде учествувале со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

– Втората интервенција е во село Канарево на запалено копа од слама во периодот од 13:00 до 15:00 часот каде учествувале со противпожарно возило и двајца пожарникари, соопшти РЦУК Куманово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button