Опозиција: Буџетот ќе треба да плаќа пенали ако не се промени Законот за работни односи

Опозицијата вели дека државата треба да плати неверојатни суми во случај да не го промени законот за работни односи навреме, за да му овозможи на Бехтел-Енка да ги ангажира своите работници до 60 работни часови неделно, во изградбата на Коридорот 8 и 10г. Според опозициската партија, премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби се договориле за оваа точка, со што го прекршиле нивното овластување како извршна власт.
ВМРО-ДПМНЕ подготвува амандмани на сите осум закони во собраниска процедура. Левица, смета дека граѓаните нема да имаат целосно право да одлучуваат за своите имоти што ги има во проектот, а реализаторот на проектот ќе може да гради на земјоделско и шумско земјиште без да помине низ сегашните законски процедури.
На предложените измени се спротивставуваат и 3-4 пратеници на власта кои пред еден ден гласаа против потребата од промена на законите. ВМРО-Народна партија сака Владата да го објави целосниот договор со Бехтел Енка.
Партиите кои се спротивставуваат на договорот за власт обвинуваат дека државниот буџет е исто така оштетен, бидејќи компанијата која ќе го гради автопатот е ослободена од акциза и царини.
Осумте амандмани се прдложени од страна на пратениците на ДУИ, и сега се дистрибуирани до комисиите за разгледување. Тие ќе овозможат олеснување на постапките за изградба, а причината е реализацијата на автопатите Коридор 8 и 10Д.
Фатлуме Дервиши