Опозицијата бара материјали на албански во Собрание

Пратениците албанци од опозицијата проценуваат дека законот за употреба на јазиците не е целосно спроведен во Собранието. На последниот ден од можноста за достава на амандманите за нацрт-законот за ревизија на буџетот, пратениците и по почетокот на седницата, немаа материјали на албански јазик. Тие се жалат зошто на надлежните институции им е дозволено да доставуваат до Собранието нацрт-закони или амандмани само на македонски јазик.
„Владата треба да биде санкционирана, соодветните министерства да бидат санкционирани, Собранието заедно со претседателот треба да бидат санкционирани зошто дозволува документите да бидат примени на само еден јазик. Замислете 45 предлог закони испратени од министерот за финансии кој е Албанец, 15 испратени од министерот за економија кој е повторно албанец, сите се само на македонски јазик “-изјави Скендер Реџепи, координатор на пратеничката група АА-ААА .
Од Собранието велат дека нацрт-законите и измените, како и другите материјали отсекогаш биле преведувани и на албански јазик. За медиумите, претседателот на парламентот Талат Џафери, ден претходно рече дека Собранието не ја занемарува употребата на албанскиот јазик.
„Постојат закони што се нови, значи не се променети. Се преведува материјалниот дел заа она што го регулира новиот закон, и оправдувањата на крајот што ги регулира овој нов закон што е одобрен во Парламентот. Во врска со ова прашање, не се согласувам дека Парламентот ја занемарува употребата на албанскиот јазик”-рече Талат Џафери, претседател на парламентот.
Албанската опозиција, ден претходно, реагираше и на фактот дека на веб-страницата на Собранието, за време на емитувањето на седниците, нивните говори се преведуваат и се емитуваат само на македонски јазик.
Законот за употреба на јазиците, кој стапи на сила во јануари 2019 година, вели дека во државните институции, службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото писмо, е и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните.