Опозицијата ги критикуваше, власта го фалеше говорот на Пендаровски

Fatlume Dervishi
Опозицијата ги критикуваше, а власта го пофали говорот на Пендаровски. Според ВМРО-ДПМНЕ, обраќањето било празно и обичен театар, а од власта коментираа дека е демократски претседателот некогаш да ја критикува Владата за одредени прашања.
„Ја поздравуваме констатацијата на претседателот дека оние кои не го следат законот не треба да бидат привилегирани на било кој начин, што значи дека претседателот се согласува оти имаме луѓе блиски до Владата кои власта ги штити. Претседателот директно кажа дека во нашава земја владее култура на неказнивост.“
„Сите овие настани ѝ се познати на јавноста, но она што недостасува е решение. Ова се констатации од настани што ги гледаме од година во година. Од година во година се повторуваат и нема решение, не гледаме дека има светлина на крајот од тунелот.“
„За дел од темите што беа отворени го делиме истото мислење, секако поаѓајќи од фактот дека членството на земјата во НАТО ѝ помогна на Северна Македонија да се соочи со опасностите со кои може да се соочи земја како нашата. Нашата заложба како ДУИ останува ветингот и професионално да се процесираат и судат сите предмети.“