Опозицијата нема да ги подржи предлог измените на Законот за царинска тарифа

Опозицијата најави дека нема да ги поддржи измените на Законот за царинската тарифа, оценувајќи дека процесот е спроведен без суштински консултации со стопанските чинители. Наместо со целата Стопанска комора, консултациите биле ограничени на тројца претставници од конкретни сектори.
„Ќе гласам против овој закон поради тоа што сметам дека суштински ништо не менува, дека оставени се низа на други производи, освен за еден сегмент кои што ќе имам задршка, а тоа е царинсктие тарифи за америчките производи, иако тоа е занемарливо за нашата економија, сметам дека лудо е денес да имате од 30 до 50 отсто царински давачки за производи кои што евентуално ги увезуваме од Америка. За тој сегмент сметам дека треба да биде на нула, ќе дадам предлог сите царински тарифи да бидат на нула, онака или на ниво на тарифи на ЕУ“, рече Фатмир Битиќи – СДСМ.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, вели дека не гледа причина некој да се противи на овој закон бидејќи бил напишан во соработка со тие што се најсуштински инволвирани..
„Не гледам зошто е некој против особено за да води инает за овој закон бидејќи е напишан во соработка со оние кои што се најсуштински повикани тоа да го кажат, секако дека секој има право на носење на сопствените одлуки, така и ние имаме право на носење на сопствени одлуки во иднина ќе продолжиме вака во комуникација со сите чинители да ги носиме нашите одлуки“, рече Стојановски.
Заменик министерот за финансии вели дека царинските стапки ќе помогнат во зајакнувањето на домашната економија и ќе придонесат во поттикнување на извозот. На Билали му рече дека се надева оти ќе го промени мислењето.
„Сметам дека до седницата ќе се предомислите и ќе го поддржите ова намалување на царинските стапки кои ќе доведат до зголемување на извозната активност на државата и зголемување на бруто домашниот производ“, рече Николче Јанкуловски, заменик министер за финансии.
Измените во законот за царинската тарифа предвидува намалување на царински стапки за стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во домашната индустрија. Намалување на царинските стапки за 50 проценти на постојаните стапки за стоките во европската унија, кои како суровини и репроматеријали се користат во процесот на производство во секторите на автомобилската, металопреработувачката индустрија, мателургија и енеретика. Со предлог законот ќе се изврши намалување на царинската стапка за литиум јонски батерии за складирање на електрична енергија. Како и целоско укунување на царинските стапки за стоките со потелко од САД.
Ангел Димовски