ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата обвинува за заштита на актуелни функционери од одговорност за трагедијата во Кочани

СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, дека спроведуваат политички терор со цел да ги заштитат функционерите на власта од одговорност за трагедијата во Кочани, во која загинаа 62 лица. Опозицијата истакнува дека полициските службеници од Кочани и Штип, кои се опфатени со истрагата на Обвинителството, се од минатата власт, додека оние кои биле на должност во кобната ноќ, според нив, воопшто не се спомнуваат.

Advertisements

ДУИ, како опозициска партија, исто така обвинува за селективна правда и посочува дека истрагата е политичка одмазда, маскирана како правда. Според нив, одговорноста се бара селективно и со политичка цел.

„Се донесе одлука речиси сите уапсени да бидат пуштени од притвор, освен Крешник Бектеши, кој и понатаму останува во притвор – личност која подолго време е на мета на политичка одмазда… Ова веќе не е индивидуален случај – туку опасен модел на селективна правда, кој станува инструмент за притисок и политичко елиминирање… Ова не е правда – ова е политика маскирана како судство…ДУИ не брани индивидуи – туку го брани правото како принцип – еднакво за сите“, велат од ДУИ.

Обвинувањата од опозицијата постојано ги отфрла ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати ја потсети СДСМ и ДУИ дека истрагата ја води обвинителот Љупчо Коцевски, кого токму тие го избрале во Собранието. И од Обвинителството негираат дека постапуваат селективно и тврдат дека не работат под диктат на политиката.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button