ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата остро го критикува ослободувањето на Мијалков

Еден ден по застареноста на делото во „Таргет-Тврдина“ и ослободувањето на Сашо Мијалков од одговорноста за масовните прислушувања, реагираат опозициските политички партии. ВМРО-ДПМНЕ го смета претседателот Стево Пендаровски за соучесник.

Advertisements

„Пендаровски можеше да ги спречи измените на Кривичниот законик, но истрча да ги потпише и да им угоди на Ковачевски и Ахмети. Пендаровски експлицитно ги потпиша измените на Кривичниот законик, по наредба на Ковачевски и Ахмети, со цел криминалците од власта да не одговараат. Пендаровски беше во можност да го врати законот на преиспитување, но одлучи слепо да ги следи наредбите на Ковачевски и Ахмети”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За албанската опозиција, застареноста на делото за Мијалков значи чекор поблиску до враќањето на Никола Груевски.

„Случајот на Мијалков е и предупредување за она што веќе се гледа, дека многу скоро Никола Груевски може да се врати низ голема врата во земјата“. Замина како предводник на корупцијата, криминалот и процесот на злоупотреба на службената должност, и се враќа како херој на една пропадната власт. Дефинитивно сериозен удар за правосудниот систем. Сега секој политичар кој е обвинет за злоупотреба на службената должност има дополнителен аргумент дека во одредени моменти на политичка пресметка на власта, тој дури и може да се спаси”, рече Билал Касами, претседател на движењето Беса.

„Веќе беше јасно дека одобрувањето на Кривичниот законик е направено за амнестија на криминалните дела на Груевски и Мијалков, две клучни фигури, во чие време Албанците претрпеа многу трагедии. Не случајно го поставивме прашањето во кое својство Бујар Османи ја посети Будимпешта, и дали се подготвува враќањето на Груевски, кое секој ден станува се појасно и целата јавност јасно чита дека ДУИ спасот го гледа само во враќањето на Никола Груевски“, рече Хаким Рамадани, Демократско движење.

Премиерот Димитар Ковачевски, вели дека не сака да ги коментира судските постапки, но измените на Кривичниот законик се направени за усогласување со законите на ЕУ, бидејќи судењата неможат да траат бесконечно.

Потсетуваме дека ЕУ ги критикуваше измените на Кривичниот законик со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба и опфаќаат голем број на случаи на висока корупција.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button