Опозицијата поддржува раст на минималецот, но бара раст и на останатите плати

Опозициските партии го поддржаа зголемувањето на минималната плата. Но, со амандмани ќе интервенираат за скалесто да мора да се зголемат и останатите плати во јавниот сектор. Од ВМРО бараат и ребаланс на буџетот, а од БЕСА велат дека неопходно скалесто да се зголемат и другите плати, за да не се случи неправично изедначување на платите.
„Ќе поддржиме такво законско решение со тоа што ќе понудиме амандмани и тоа линијарно да значи почитување на колективните договори и зголемување на платите во сите останати сектори на реална основа“, вели Антонио Милошоски- Пратеник од ВМРО- ДПМНЕ.
„Го поддржуваме покачувањето на платата. Тоа е позитивно за вработените, особено за онаа категорија на граѓани кои имаат минимални плати, но бараме оваа минимална плата да се координира во согласност со останатите вработени во јавниот сектор со цел да нема дизбаланс на вработените во различни сектори“, вели Фадил Зендели- Пратеник на БЕСА.
Андреа Чобанова