ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата постигна договор за формирање мнозинство во Советот на Град Скопје

Се формира мнозинство во Советот на Град Скопје. ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение за медиумите соопшти дека постигнала договор за мнозинство во Советот на Град Скопје заедно со Алијанса за Албанците-Алтернатива и Левица.

Advertisements

ВМРО-ДПМНЕ

„Новото граѓанско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка и конкретни програмски проекти кои се од јавен интерес за народот, особено за доброто на локалните жители“.

Коалицијата за мнозинството во Град Скопје ја потврдија и од партијата Левица и од  коалицијата Алијанса и Алтернатива. Од ВМРО-ДПМНЕ кусо велат дека се уште е рано за поделба на позициите и дека ќе се очекува крајот на вториот круг од изборите за конкретни чекори. На изборите на 17 октомври Советот беше поделен на следниов начин: ВМРО ДПМНЕ обезбеди 18 советници, СДСМ 12, ДУИ 5, Левица 4, АА-ААА 2, Коалицијата „Одлучни за промени“ 2 и уште двајца советници доби независната листа предводена од Драгана Велкова.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button