
Опозицијата вели дека е подготвена за предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори, предизвик што го намерна премиерот Христијан Мицкоски .Според СДСМ, секогаш кога ќе има избори оваа партија ќе биде поорганизирана.
Европскиот фронт бара избори, дури и тројни.
„Има и финансиска логика, за ова прашање од аспект на финансиската логика се изрази и господинот Ахмети, па отиде и понатаму дека следните избори ќе бидат тројни. Со оглед на власта без етнички легитимитет, со оглед на состојбите со интеграциите и меѓуетничките односи на земјата, изборите се неизбежни и неопходни за перспективата на земјата. И во таа смисла ја прифаќаме понудената рака на господинот Мицкоски и сме подготвени за предвремени избори“, рече Блерим Беџети.
Според ВЛЕН, големата поддршка што ја ужива власта во Собранието гарантира дека владата е стабилна, а изборите се непотребни.
„Од 80-тите години, ниту една влада немала поголема поддршка во парламентот. Во моментов има 78 пратеници кои ја поддржуваат Владата и таа поддршка расте и се очекува да ја надмине бројката од 80, односно да е 2/3 од парламентот. Ова е стабилно мнозинство кое може да го менува Уставот, законите, и се што е во интерес на граѓаните, а се друго е неразумно и нелогично“, рече Изет Меџити, вицепремиер.
Според ВМРО-ДПМНЕ, на избори може да се оди кога сака опозицијата.
Темата за предвремени избори ја отвори премиерот Мицкоски на последната седница на пратенички прашања. Тој изрази уверување дека ќе добие уште поголема поддршка./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши