Опозицијата реагира по вчерашните покачувањеа на платите за дел од фунцкионерите

По вчерашните покачувања на платите за дел од фунцкионерите, опозициската СДСМ реагира. Велат дека на премиерот Христијан Мицкоски не му е битно тоа што граѓаните секој ден се борат со растечки цени, туку приоритет му е личниот ќар на функционерите.
Според нив животниот станрад е сѐ поскап, а граѓаните живеат сѐ потешко, економските политики на Мицкоски се тотален дебакал и наместо да превземе мерки за заштита на стандардот на граѓаните, тој ги покачи платите на функционерите.
„Мицкоски јавно ветуваше дека платите на функционерите нема да се зголемат, денес гледаме дека тоа е само уште едно од многуте лажни ветувања и додека народот штеди на храна, штеди на лекови, штеди на сметки. Функционерите на Вмро Дпмне, Влен и Знам, си тераат луксуз со службени возила, со чартер летови, папаја, манго, а сега со повисоки плати“, вели Богданка Кузеска – СДСМ.
Од ВМРО ДПМНЕ потенцираат дека има стабилизација на економијата и за прв пат раст на Бруто домашниот прозивод. Велат СДС може да зборува колку сака, но економските параметри покажуваат дека полека се санира економскиот пустош кои тие го оставија.
„Континуираниот позитивен раст на БДП од 3 или над 3% е добра основа годинава да се постигне проектираниот раст од 3,7%, а инфлацијата да се намали на 2,2%. Овој раст на економија ќе придонесе за понатамошен одржлив раст на платите и пензиите кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Од формирањето на владата до сега во неколку наврати беа покачени платите на сите вработени во здравството, образованието, полицијата, армијата, согласно закон порасна и минималната плата, а за пет илјади линеарно се зголемија пензиите на сите пензионери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
И додека политичките партии се препукуваат за тоа кој водел подобри економски политики, граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
Ангел Димовски