Опозицијата реагираше по извештајот на американскиот Стејт департмент

Извештајот на американскиот Стејт департмент за опозицијата е одраз на реалната состојба со правосудните институции во земјава. Според ВМРО ДПМНЕ, по сите овие критики, владата треба да поднесе оставка.
Според Алијанса за Албанците, извештајот го потврдува она што постојано го кажува опозицијата. Случаите кога високи политички функционери не ја добиле заслужената казна, според нив, се показатели за нивото на владеење на правото.
„Што можеме да кажеме сега? Ќе излезе Али Ахмети повторно да каже дека и САД вршат притисок врз судството поради корупцијата во државата како што прави Алијанса за Албанците? Овие зборови што ги кажува американскиот ресор не се разликуваат од зборовите што ги кажуваме ние, а за кои лидерот на ДУИ не обвинува за притисок врз судовите. Не вршиме притисок туку ја кажуваме вистината. Тоа е и наша обврска како опозиција. Да бидеме коректор“, рече Халил Снопче, Алијанса за Албанците.
Ниту една од владејачките партии досега не го коментираше извештајот на американскиот Стејт департмент за 2021 година за човековите права во земјата.
Фатлуме Дервиши