ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата револтирана од првиот дел на седницата за пратенички прашања

Власта се обидува преку пратеничката на Алијанса, Илире Даути да го узурпира просторот за прашањата на опозициските пратеници до Владата за да одговори за неодамнешните скандали и црната листа на САД. Ова го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Според него, мнозинството во Собранието и Владата се договориле да одговорат истовремено на 49 писмени прашања, од кои 41 на пратеничката Илире Даути, за случаите за државјанство. Поради ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата и се вратија кога дојде редот да поставуваат прашања.

Advertisements

Но, пратеничката Илире Даути рече дека се важни и нејзините прашања за државјанството.

„Има ли нешто поразумно од оваа говорница да се зборува за имиња на граѓани кои имаат многу голема мака. Наместо издвањето на државјанството да биде нормален документ, им создадава реални проблеми. И сега поставувам прашања затоа што се надевам дека овие проблеми ќе се решат“, рече Даути.

Пратеникот на БЕСА, Фадил Зендели изјави дека ваквото однесување на Алијанса ја докажува немоќта во Владата да ги решава проблемите со државјанствата.

„Не верувам дека е случајност со оглед на неодамнешните афери што ги имавме со високи функционери, неодамнешната афера со градоначалникот на општина Струга, неодамнешната афера со лидерот на ДУИ и неговиот внук со трговскиот центар Соравија, неодамнешната афера со ОТЕ со прислушувањата и други случаи кои се во постапка може да се подразбере дека е купување време за пратениците да не се занимаваат со овие теми кои се навистина важни“, реле Зендели.

И по судирот меѓу власта и опозицијата, седницата продолжи со одговори од министрите до пратеничката Илира Даути за причините за доцнење на државјанствата.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button