ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата смета дека актуелната влада е неуспешна во сите области

Во многу случаи, според опозицијата владата е неуспешна и мора да одговара. Еден од фактите, според ВМРО-ДПМНЕ, е постојаното ветување за добивање датум за преговори, што воопшто не се случува.

Advertisements

И  коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ја критикува владината политика и неисполнетите ветувања.

„Овие 100 дена беа повеќе транзициски аспект на Владата која се занимаваше со назначување директори отколку да ја реализира политичката програма. Сметаме дека имаме голем неуспех во сите точки и во сите сфери на политичкиот живот, почнувајќи од интеграциите каде го имаме бугарското вето. Исто така неуспех имаме во однос на здравството и справување со пандемијата. Исто така, во економска смисла, имаме неуспех и стагнација. Во овие 100 дена не започнавме ниеден процес во правосудниот систем, поточно, во судовите, а немаме ниту почеток на ветинг“.

Опозицијата смета дека сериозно треба да се размислува за лидерска средба и проширена влада која би се справила подобро со надминувањето на кризата.

Fatlume DErvishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button