Опозицијата смета дека неуспехот да се добие датум за почеток на преговорите е последица на потфрлувањето на владините политики

Опозицијата смета дека неуспехот да се добие датум за почеток на преговорите е последица на потфрлувањето на владините политики. Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е веќе понижена пред другите земји.
За Алијанса за Албанците, власта се оправдува со блокадата од Бугарија, но причината за не добивањето на датумот е тоа што ЕУ не прифаќа корумпирани политичари во своето семејство.
„Нема датум за преговори со Европската унија и од 2018 година сè било лага. Сликите во авион, трошоците на премиерот и министрите на Владата ќе останат само како доказ за измама на оваа власт и трошоци што ќе треба да ги плаќаат граѓаните. Што треба да се случи повеќе отколку „зелениот“ министер за надворешни работи, Бујар Османи, да признае дека не успеал, што треба да се случи повеќе за оваа Влада да поднесе оставка и да се врати на повторна проценка од гласачите“.
Опозицијата побара да биде вклучена во преговорите за воспоставување национален консензус за спорот со Бугарија.
fatlume Dervishi