Опозицијата со критики за истрагата-намерно се таргетираат поединци
Опозицијата со критики за истрагата-намерно се таргетираат поединци

Опозициските партии ги оценуваат истрагите на Обвинителството како селективни, и дека имаат за цел да поттикнат меѓуетнички тензии. Од ДУИ велат дека власта користи уапсените како жртви за да ги заштити актуелните функционери, вклучително и актуелните министри и директори.
„Мицкоски со неосновано апсење на Албанци се обидува да предизвика меѓуетнички тензии, како параван за неуспесите на владата и како алатка за предизвикување етнички раздор.
ДУИ најостро ги осудува неодамнешните апсења на поединци кои немаат врска со трагедијата, како средство за оттргнување на вниманието од вистинските виновници.
Овие постапки без докази покренати од институциите на Мицкоски, служат за насочено таргетирање на поединци за политички цели„, велат од ДУИ.
Алијанса за Албанците, крилото на Села, вели дека трагедијата во Кочани се користи за да се исплашат Албанците.
„Неправедните, неосновани и чисто етнички мотивирани апсења, злоупотребувајќи ја кочанската трагедија, имаат две цели:
– Да се сокријат вистинските одговорни, почнувајќи од премиерот, министерот за внатрешни работи и актуелните раководители на надлежните, локални и централни органи.
– Да се заплашуваат Албанците, да се угнетуваат Албанците и да се предизвикуваат револт и меѓуетнички тензии, со цел дефокусирање од реалните проблеми и одговорности„, велат од АА- Крило на Села.
СДСМ вели дека истрагите се уште немаат одговор за клучните прашања.
„-Кој е одговорен за пожарот поради кој згасна 61 живот а околу 200 млади луѓе беа повредени?
-Кој ќе одговара за пропустите во безбедноста, за кои директно се надлежни МВР и БЈБ?
Кој е одговорен за пожарот?
Одговорни се МВР и БЈБ„, велат од СДСМ.
Одговарајќи на политичките обвинувања, главниот обвинител Коцевски вели дека истрагите не се засноваат на политичка или етничка припадност.
На иста линија е и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Од вкупно 45 инволвирани досега во истрагите, најголем дел од функционерите се од редовите на ДУИ и СДСМ, додека малкумина се од актуелната власт. Единствени вклучени во истрагите се двајца градоначалници на општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, актуелен министер Шабан Салиу и актуелниот директор на оваа управа, кадар на ВЛЕН, Џеват Селами./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу