ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата во „акција“ за формирање на ново мнозинство

Опозицијата продолжува со калкулациите за ново парламентарно мнозинство. АЛСАТ денеска разговараше со двете албански опозициски партии во коалицијата АА и ААА за новите чекори во оваа насока. Арбен Таравари денеска изјави дека условите за ново мнозинство постојат, според него, поради потфрлувањето на СДСМ и ДУИ на локалните избори.

Advertisements

„Секако дека не велам дека имаме целосни бројки, но во преговори сме и постои голема веројатност наскоро да има нова Влада во која би ги немало СДСМ и ДУИ. Комуницираме со многу партии, но и со пратеници кои се дел од новото мнозинство, кои не се претставници на ниту една партија“.

Но, во однос на отчетноста и внатрешната одговорност во партијата, за нивните резултати од локалните избори, Таравари како генерален секретар на Алијанса за Албанците рече дека се уште има надеж дека Дебар ќе помине во нивни раце. Тој дури додаде дека Алијанса за Албанците има потреба од нејзиниот лидер Зијадин Села, без да го доведе во прашање неговото евентуално заминување.

„Во Дебар одиме на уште еден круг, во вториот круг мислам дека ќе има иновации, мислам дека најверојатно ќе го освоиме Дебар … Треба да ги анализираме резултатите и потоа да разговараме, да видиме како понатаму. Мислам дека господинот Села не е на крајот од кариерата, тој е 5-6 години во политика и вреди да се продолжи“.

Гласините дека ќе се бара одговорност има и за Алтернатива, од каде велат дека ставот за новото мнозинство и за евентуална одговорност ќе биде јавно објавен по интерни анализи.

„Алтернатива во наредните денови ќе води внатрешна дебата и изборна анализа. По завршувањето на овие дебати ќе ги анализираме новите состојби создадени во државата.“

Претставници на Алијансата во последните денови често се среќаваат со лидерот на македонската опозиција Мицкоски, средби во име на заедничката опозициска коалиција АА-ААА, иако во другата партија Алтернатива гласно се спротиставува  „Левица“ да биде дел од евентуално новото мнозинство.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button