МАКЕДОНИЈА

Опозицијата за договорот со Бехтел и Енка: Колкава ќе биде штетата врз буџетот

Опозициските пратеници побараа отчет од премиерот и другите претставници на власта за, како што велат, штетата на буџетот од овој договор. Пратеникот Бојан Стојановски побара отчет за тоа какви ќе бидат последиците од неусвојувањето на Законот за работни односи, како и доколку не се изгласа Законот за експропријација во форма како што е предложен. Но, премиерот Димитар Ковачевски избегна конкретен одговор и нагласи дека секоја постапка во врска со коридорот 8 ќе биде транспарентна.

Власта и опозицијата се судрија и околу процентот на ангажирани вработени од земјава и странство. Додека министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели дека над 51 отсто од вработените ќе бидат локални, пратеникот Стојановски цитира делови од договорот – дека нема повеќе од 30 отсто да бидат локални.

Во расправата пратениците од опозицијата ги обвинија претставниците на власта дека еден ден ќе одат во затвор за Договорот што го потпишаа со Бехтел и Енка, бидејќи со него економски тешко се оштетуваат граѓаните.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button