Опозициски фронт: Ахмети контра ЕУ за измените во Кривичниот законик

Власта воопшто не е заинтересирана за реформи во правосудниот систем, велат од албанскиот опозициски фронт. Тие сметаат дека Ахмети, со својата неодамнешна изјава за поддршка на измените во Кривичниот законик, излезе против оценката на ЕУ, која ги критикуваше измените. Исто така, има остри критики и за злоупотреба на европското знаме.
„Кога и самата ЕУ реагира негативно на овие измени, тие сепак излегуваат да манипулираат и велат не грижете се, бидејќи ЕУ и САД не ја разбрираат целосно причината за тие измени во Кривичниот законик и не знаат колку е важна оваа измена. Никој не им нанел поголема навреда на ЕУ и САД во последните 20 години. Сепак, ова објаснување покренува многу прашања. На пример, кои министри на Ахмети и оваа влада се подобри во анализата на она што е добро за правдата од експертите на ЕУ, ако навистина се доволно добри за да ги проценат неопходните измени, каде беа тие 20 години што оставија правдата во земјата да биде ваква?“, рече Адмирим Алити, Алтернатива.