ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Чаир очекува да добие од 6-8 милиони евра од владиниот грант

Општина Чаир очекува да добие од 6-8 милиони евра од владиниот грант

Со најавата дека на општините ќе им бидат дадени 250 милиони евра, локалните канцеларии за урбанизам почнаа да ги конкретизираат инфраструктурните проекти .Од општина Чаир велат дека од оваа четвртина милијарда евра што ќе ги издвои централната власт ќе добијат од 6 до 8 милиони евра. Приоритет за општина Чаир е проширувањето на патот кај Чаирчанка и некои други проекти.

-„Поранешниот министер Фатмир Бесими повлече средства од таа сметка од која требаше да се гради патот, со единствена цел да се спречи проширувањето на булеварот „Цветан Димов“. Знаете дека тоа е од витално значење не само за општина Чаир туку и за Бутел и Шутка, бидејќи го поврзува центарот со целата област. Ќе одвоиме средства барем за првата фаза, но имаме и подземни инфраструктурни проекти кои ќе ги вклучиме во овој грант, асфалтирање на патишта и улички како и реконструкција на основни училишта, градинки..”, рече Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.

Градоначалниците велат дека буџетот е многу централизиран и над 60% од даночните приходи одат директно во државата, па затоа можностите за независни иницијативи се доста ограничени. Градоначалниците од целата држава во септември ќе можат да се пријават на јавниот повик на Министерството за локална самоуправа, за да добијат средства за нивните проекти./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button